Важно - Philips 3000 L Series User Manual

Table of Contents

Advertisement

Важно
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го
користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
-
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и
електрични грејни плочи или во загреана рерна.
-
Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту
да го плакнете под чешма.
-
За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода
или друга течност во апаратот.
-
Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да
не дојдат во допир со грејните елементи.
-
Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух
додека работи апаратот.
-
Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да
предизвика пожар.
-
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен
приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
-
Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот
додека работи.
-
Никогаш немојте да ставате количина на храна што го
надминува максималното ниво означено во корпата.
-
Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има
заглавено храна во грејачот.
Предупредување
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да
го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други
лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
-
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер.
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го
вметнале во штекерот.
-
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен
тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
-
Површините што се допираат може да станат врели додека
работи апаратот.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години
и лица со ограничени физички, сензорни или ментални
способности или лица со недостаток на искуство и знаење,
под услов да се под надзор или да добиле упатства за
безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со
апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да
вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно
лице.
-
Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца
помлади од 8 години.
МАКЕДОНСКИ
259

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Hd9100Hd9100/20

Table of Contents