Motorola razr 40 ULTRA Read Me page 50

Hide thumbs Also See for razr 40 ULTRA:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Грижете се за телефонот
За да продолжи да ви важи гаранцијата и за да имате
задоволително искуство со телефонот, ве молиме грижете се за
вашиот телефон на следниот начин:
• Не користете заштитници за екран од трети страни. Телефонот се
испорачува со заштитник за екран развиен од Motorola којшто е
приспособен на уникатниот дизајн на преклопување на Razr. Заштитникот
за екран од Motorola е со врвен квалитет и го овозможува предвидениот
работен век на телефонот. Од друга страна, користењето заштитници за
екран од трети страни може да ја намали чувствителноста на екранот
на телефонот, да предизвика главниот екран да не реагира, да го оштети
екранот или да предизвика други проблеми со екранот на допир. Во
таков случај, Motorola го задржува правото да ја процени ситуацијата и
да одлучи дали ќе ви обезбеди бесплатна гарантна услуга во текот на
преостанатиот гарантен рок.
• Контактирајте со овластен сервисен центар на Motorola ако заштитникот
за екранот има воздушни меурчиња, изобличувања или се одвојува од
главниот екран при користењето. Може да го замениме заштитникот за
екранот бидејќи несоодветен заштитник за екран може да го оштети
главниот екран и да го скрати работниот век на телефонот.
• Заштитникот за екранот треба да го замени само сервисер одобрен
од Motorola кој користи професионална опрема. Не заменувајте го
заштитникот за екран во сервисни центри што не се одобрени од
Motorola и не обидувајте се сами да го отстраните или замените
заштитникот за екран. Тоа може да го оштети главниот екран и да ја
поништи гаранцијата.
• Внимавајте физички да не го оштетите телефонот. Немојте да го дупчите
или да применувате прекумерна сила врз главниот екран со тврд
или остар предмет додека го носите телефонот. Пред да го затворите
телефонот, секогаш внимавајте да нема препреки помеѓу екраните или
преклопувањата. Картичките, монетите, клучевите и други предмети
може да го оштетат екранот или да спречат правилно затворање на
преклопувањето на телефонот. Не употребувајте прекумерна сила
при притискање на средната површина на екранот. Избегнувајте да го
изложувате телефонот на вода, кафе или други течности. Исто така, не
изложувајте го телефонот на ситни честички и нечистотии.
• Важно: овој производ содржи магнети. Секогаш држете ги производите
со магнети на растојание поголемо од 20 cm (8 in) од медицински уреди
како што се пејсмејкери, внатрешни срцеви дефибрилатори или други
уреди на кои може да влијае магнетното поле. Држете ги понастрана и од
кредитни картички, документи за лична идентификација и други медиуми
што користат магнетски кодирани информации.
• Заштитете го екранот: немојте да го отстранувате поставениот
заштитник за екранот и немојте да користите заштитници за екран од
трети страни. Тоа ќе ја поништи гаранцијата за уредот.
• Потсетник: наборот кај превиткувањето на главниот екран и слабиот
шум што може да го слушнете додека го отворате преклопувањето
на телефонот се дел од дизајнот и не влијаат врз издржливоста на
производот.
50

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Razr 40

Table of Contents