Bosch 0 607 453 4 Series Original Instructions Manual page 247

Hide thumbs Also See for 0 607 453 4 Series:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
OBJ_BUCH-1585-005.book Page 247 Thursday, October 20, 2016 6:49 PM
Напомена: При зашрафување во мек материјал, при
подесување на низок вртежен момент спојката веќе не се
вади од брзина.
Подесете го вртежниот момент со отшрафување на
куќиштето (види слика H)
0 607 461 4..
– Отшрафете го куќиштето 2 (лев навој!).
– Извлечете ја спојката 24.
Напомена: Внимавајте да не испаднат чивиите од
вентилот.
– Инбус клучот (10 мм) затегнете го со менгеме и
вметнете го во вратилото на спојката.
– Свртете ја тркалезната навртка 22 со помош на
вилушкаст клуч (24 мм).
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од
стрелките на часовникот создава помал вртежен момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
– Повторно составете го пневматскиот алат по обратен
редослед.
Напомена: При зашрафување во мек материјал, при
подесување на низок вртежен момент спојката веќе не се
вади од брзина.
По подесување на вртежниот момент
– Прилагодете го вртежниот момент со пробно
зашрафување во зависност од материјалот (цврст,
среден, мек).
– Проверете го вртежниот момент со електронски мерен
уред за вртежен момент или момент-клуч.
Совети при работењето
Оптоварувањата што ќе настанат одеднаш забрзано го
намалуваат вртежниот момент или предизвикуваат
состојба на мирување, но не му штетат на моторот.
Замена на федер спојката (види слика I)
0 607 453 4..
Доколку се работи со други вртежни моменти како што е
наведено во техничките податоци, федер спојката 30
може да се замени.
– Отшрафете го куќиштето 2 (лев навој!).
– Извадете го прстенот за задржување 25 со клешти за
прстени за задржување.
– Извадете го прстенот за потпора 26 како и пружината
27 и стезната чаура 28 на брзозаменливата глава.
– Извадете ја куглата 31 и O-прстенот 29.
– Извадете ја спојката 24 од куќиштето 2 и извадете го
сигурносниот прстен 32.
– Вметнете го алатот за подесување 20 во отворот на
плочката за подесување 21 и вртете на лево, додека
вградената федер спојка 30 целосно не се затегне и
може да се извади.
– Заменете ја вградената федер спојка 30 со нова.
– Повторно составете го пневматскиот алат по обратен
редослед.
– Подесете го вртежниот момент.
Започнете со пониски вредности за подесување.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
Користете исклучиво оригинални резервни делови на
Bosch.
Редовно чистење
– Редовно чистете го филтерот на доводот за воздух од
пневматскиот алат. Притоа отшрафете ја спојницата за
црево 7 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ја цврсто спојницата за
црево.
– Честичките вода и нечистотија што ги содржи
компресираниот воздух може да предизвикаат
создавање на р'ѓа и истрошеност на ламелите,
вентилите итн. За да се спречи ова, во доводот за
воздух 6 треба да капнете неколку капки моторно
масло. Повторно приклучете го пневматскиот алат на
напојување со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 245) и оставете го да
работи 5–10 с, додека не го соберете маслото што капе
со една крпа. Доколку пневматскиот алат не се
користи подолго време, оваа постапка треба да ја
повторите.
Редовно одржување
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
– Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат
од стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
– По околу 100000 зашрафувања подвижните делови на
спојката, намастете ги со неколку капки моторно масло
SAE 10/SAE 20, лизгачките и ротирачките делови
подмачкајте ги со Molykote маст. Потоа проверете го
подесувањето на спојката.
– По секое одржување проверете го бројот на вртежи со
помош на уред за мерење на бројот на вртежи и
проверете дали пневматскиот алат има зголемени
вибрации.
Подмачкување на пневматскиот алат
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
1 609 92A 37M | (20.10.16)
Македонски | 247

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents