МАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
•
овој уред може да се користи од страна на деца на возраст од 8 години или постари и лица со намалени
физички, сетилни или ментални капацитети или без доволно искуство и познавање ако се под надзор
или им се даваат упатства за користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените ризици.
•
Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од корисникот не смеат да се вршат
од страна на деца без надзор.
•
Погледнете го поглавјето „СПЕЦИФИКАЦИИ" за референца на типот на батеријата.
•
Погледнете го делот „Монтирање или отстранување на касетата за батеријата" за начинот на
отстранување или монтирање на батеријата.
•
Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од алатот и фрлете ја на безбедно место.
Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање во отпад на батеријата.
•
Доколку алатот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од алатот.
•
Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.
•
Погледнете го поглавјето „ОДРЖУВАЊЕ" за соодветни детали за мерките на претпазливост за време на
одржувањето од корисникот.
СПЕЦИФИКАЦИИ
Модел:
Капацитет
Континуирана работа (со батерија BL1830B)
Вкупна должина (со цевка, распрскувач и батерија BL1830B)
Номинален напон
Нето тежина
•
Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на
промена без најава.
•
Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
•
Тежината не ги вклучува додатоците освен касетите за батерија. Најлесните и најтешките комбинации
на тежина на уредот и касетите за батерија се прикажани во табелата.
Применлива касета за батерија и полнач
Касета за батерија
Полнач
•
Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот
во кој живеете.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или
пожар.
Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.
54 МАКЕДОНСКИ
DCL283F
Околу 10 мин.
1.066 мм
D.C. 18 V
1,3 - 1,7 кг
BL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860B
DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF /
DC18SH / DC18WC
730 mL