Download Print this page

Важни Безбедносни Информации; Решавање Проблеми - Philips 2000 Series Quick Start Manual

Hide thumbs Also See for 2000 Series:

Advertisement

Available languages

Available languages

Problemi
Македонски
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За целосно да ја
искористите поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот
производ на www.philips.com/welcome.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги
користите уредот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
- Никогаш не смукајте вода или други течности, запаливи супстанции
или врел пепел.
Предупредување
- Пред да го поврзете уредот, проверете дали напонот наведен на
уредот одговара на напонот од локалната електрична мрежа.
- Немојте да го користите уредот ако приклучокот, кабелот за
напојување или самиот уред е оштетен.
- Ако напојниот кабел е оштетен, мора да ви го замени Philips,
сервисен центар овластен од Philips или слични квалификувани
лица, со цел да се избегне опасност.
- Не насочувајте го цревото, цевката или кој било друг додаток во
очите или ушите и не ставајте го во уста.
- Приклучокот мора да се извади од штекерот пред чистење или
одржување на уредот.
- Овој уред не е наменет за користење од страна на лица
(вклучително и деца) со намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостаток на искуство и знаење, освен ако не
се под надзор или не добиваат инструкции за користењето на
уредот од страна на лице кое е одговорно за нивната безбедност.
- Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си
играат со уредот.
- Чувајте го уредот и неговиот кабел надвор од дофатот на деца.
- Оваа правосмукалка е изработена само за домашна употреба. Не
користете ја правосмукалката за смукање градежен шут, прав од
цемент, пепел, ситен песок, вар и слични супстанции. Никогаш не
користете ја правосмукалката без филтрите. Ова може да го оштети
моторот и да го скрати работниот век на правосмукалката. Секогаш
чистете ги сите делови на правосмукалката како што е прикажано
во корисничкото упатство. Не чистете ниту еден дел со вода и/или
со средства за чистење ако ова не е конкретно прикажано во
корисничкото упатство.
Внимание
- Ако чистите филтер што може да се мие со вода, проверете дали е
целосно сув пред да го вратите во уредот. Не сушете го филтерот на
директна сончева светлина, на радијатор или во машина за сушење.
Заменете го филтерот што може да се мие ако веќе не може да се
исчисти соодветно или ако е оштетен.
- За да се гарантира оптимално задржување прав и оптимална
работа на правосмукалката, секогаш заменувајте ги филтрите со
оригинални филтри на Philips од точниот тип (видете 'Нарачување
додатоци').
- Ако правосмукалката има далечински управувач, прочитајте ги
безбедносните упатства за батеријата.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 84 dB(A)
Безбедносни упатства за батеријата
- Користете го овој производ само за неговата предвидена намена и
следете ги општите и безбедносните упатства за батеријата како
што е опишано во упатствово за користење. Секое неправилно
користење може да доведе до електричен удар, изгореници, пожар
или други опасности или повреди.
- Работете со овој производ само со типот на батерија за една
употреба назначена во прирачникот за корисникот.
- Секогаш држете ги копчестите батериите подалеку од дофатот на
деца. Нивното проголтување може да резултира со сериозна
повреда или смрт.
- Немојте да полните батерии што не се на полнење.
- Користете го и чувајте го производот на температура помеѓу 0 °C и
50 °C.
- Не горете ги производите и нивните батерии и не изложувајте ги на
директна сончева светлина или на високи температури (на пр., во
жешки автомобили или во близина на жешки шпорети). Ако се
прегреат, батериите можат да експлодираат.
- Ако производот се загрее ненормално или испушта ненормален
мирис, престанете со користењето и контактирајте со локалниот
дистрибутер на Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови
печки или на индукциски шпорети.
- За да спречите прегревање на батериите или ослободување
токсични или опасни супстанции, не расклопувајте ги, не
модифицирајте, продупчувајте, оштетувајте ги и не предизвикувајте
краток спој на батериите.
- Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт
со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
- Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и
батериите се суви.
- Ставајте ги батериите завртени со позитивниот и негативниот пол
во насоката означена на одделот или држачот за батерии.
- Не мешајте различни марки и типови батерии, не мешајте нови и
користени батерии и не користете батерии со различни кодови за
датум.
- Извадете ги батериите од производот ако планирате да не го
користите подолго време.
- За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не
дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со
метален предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не
завиткувајте ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батеријата или ставете ги батериите во пластично
ќесе пред да ги фрлите.
- Не оставајте ги празните батерии за еднократна употреба во
производот.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и
регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на
www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips.
Исто така, може да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на
Philips во вашата земја (за детали за контакт погледнете во листот со
меѓународна гаранција).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја
страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со
меѓународната гаранција.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не треба да се фрла
заедно со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 1).
- Овој симбол означува дека овој производ содржи батерии за
еднократна употреба кои не треба да се фрлаат со обичниот отпад
од домаќинствата (2006/66/EC) (Сл. 2).
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно
собирање на електрични и електронски производи и батерии.
Правилното отстранување помага да се спречат негативни
последици за животната средина и здравјето на човекот.
Вадење на батериите за еднократна употреба
За да го извадите батериите за еднократна употреба, видете ги
упатствата за поставување и/или вадење на батериите во упатството
за користење.
Секогаш отстранувајте ги празните батерии за еднократна
употреба од уредот. Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ги фрлате батериите.
Решавање проблеми
Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате
со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на
информациите дадени подолу, одете на www.philips.com/support за да
побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се во
Центарот за грижа на корисници во вашата земја.
Проблем
Смукачката
моќ е
недоволна.
Shkaku i
mundshëm
Bateritë janë
shkarkuar.
Можна причина Решение
Садот за прав е
полн.
Филтрите се
валкани.
Смукачката моќ е
поставена на
ниска поставка.
Млазницата,
цевката или
цревото е
блокирано.
Zgjidhja
Ndërroni bateritë. Kini parasysh që
mund të vazhdoni të fshini derisa të
ndërroni bateritë, por nuk mund të
përdorni telekomandën për të rritur
ose ulur fuqinë thithëse ose për të
fikur pajisjen. Për të fikur pajisjen,
shtypni butonin e ndezjes/fikjes.
Испразнете го садот за прав.
Исчистете ги или заменете ги
филтрите.
Зголемете ја смукачката моќ со
регулаторот на уредот или на
рачката.
За да ја отстраните пречката,
откачете го блокираниот дел и
прикачете (колку што е можно) од
обратната страна. Вклучете ја
правосмукалката за да се насочи
воздухот низ блокираниот дел во
обратна насока.

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Xb2125/09Xb2122/19Xb2122/09